Avdive kerlapes promoviribe e jekto studijake tar genocido upral e Roma

269

Avdive tar 18:00 o ari  ani biblioteka ,, Брака Миладиновци ” ano Skopje  ikherlapes promoviribe e neve studijake panle e genocidoja kerdi upral e Roma ano Dujto sumanleskoro maribe. Promoviribe preperela telal Birađaki organizacija ,, Barikanipe”.

Oven kotor tar akava khedipe..

Ромската литератур од денес е збогатена со нова научна студија под наслов „Геноцидот врз Ромите во Втората светска војна“.
М-р Мирдита Салиу е првиот автор на една ваква значајна студија за геноцидот врз Ромите во Македонија, а нејзината вредност е од големи размери бидејќи е автор од ромската заедница која зад себе остава значаен труд за севкупната историја на ромскиот народ.

Научната студија содржи елементи кој опфаќа одреден период, за кој можеме да кажеме дека претставува не само продолжение на дискриминаторските политики и практики кон Ромите од минатото, туку и врв на дискриминацијата, а тоа е геноцидот во Втората светска војна. Во овој период вниманието е насочено кон истребување на Ромите, кои претставувале пречка во развојот на нацистичкото општество. За да се надмине проблемот на асоцијалноста на Ромите и опасноста од Евреите, нацистите креирале и наредиле спроведување на планот за „Конечно решение на еврејското прашање“ (Die Endlösung der Judenfrage), геноцид, односно нивно истребување поради нивната замислена припадност на инфериорна раса. Овој предмет на интерес стои во директна врска со одземање на основните права на човекот, какви што се правото на живот и слобода, чија крајна цел била целосно истребување на Ромите и Евреите.
Овој труд се очекува да даде свој придонес за дополнување на историјата на Ромите, особено во делот која се однесува на холокаустот и на геноцидот во Втората светска војна и воедно оваа проблематика да заземе соодветно место во научната мисла на нашите простори.

Овој научен труд се поклопува со одбележувањето на 75 годишнината од извршениот геноцид врз Ромите. Да потсетиме дека на 15 април 2015 година Европскиот Парламент ја усвои Резолуцијата со која 2 август се прогласува за ден на сеќавање на жртвите на геноцидот врз Ромите во Втората Светска војна (1940-1945).

Hazri kerga: Erđan M.- Roma Press