Големината на еден народ кога навистина ќе препознае дека протестите за замена му ѓи продаваат како протести за некаква промена? Протести за промена се уважуваат кога една и единствена цел на протестите ке биде да не СЕ дозволи да се случи тоа што веќе се случува со еден народ по примерот во Чешка и случајот со присилната прекумерна бруталност на полицијата и убивањето на РОМОТ-Томаш.
Се поставува прашањето, протестите беа навистина организирани во права смисла како поддршка и барање на правда, обесправноста, дискриминација и слично што се случува со Ромите во Македонија како и надвор од неа или да се изроди и покаже нова политичка сила и поставување на нови ликови на власт(политика).
Како што се укажува според сите анализи, организираниот протест од инцијативата АВАЈА беа присутни од 300 до 400 присутни (далеку од 1000-1200) дел од присутните беа организирани преку невладиниот сектор од сите градови како блиски соработници со челниците на АВАЈА, но исто така беа присутни и граѓани кои само иницијативно беа присутни на протестот без да имаат надомест како останатите- говорам за патни трошоци и др.
Инаку информативно да не биде нешто нејасно навистина протестот беше добро организиран од страна на АВАЈА, пораката беше соодветно подготвена и испратена до властите на Чешка преку Амбасадата во Скопје (браво дечки).
Сега да не останам должен и на Ромските политички лидери и воедно сакам да ѓи потсетам дека сонот или желбата на секој активист од невладините организации еден ден биде политичар, ова го говорам со факти и докази и тоа :
– НВО-Амбрела- Лјатифа Ш.(Пратеник)
– НВО-Гостивар- Мухамед Точи (држ.Секретар-правда)
– НВО-Тетово – Фикрија F. (Советник на Претседател-Стево П.)
– НВО-Ромаверзитас Елвис М.(Советник на Премиер Зоран З.)
(се чека на уште многу друиѓи)
Тука навистина треба да се поставува прашањето што се случува во Ромската политчка сцена додека занемарено Ромските политичките лидери заспани во зимскиот сон невладиниот сектор партиципира во политиката без реѓистрирана политичка партија. Јас за тоа нема да говорам нека му ја мислат тие кои навистина се надеваат дека во блиска иднина можат навистина да имаат некој плус бенефит од политиката?(политичарите).
Околу протестот навистина малку со бројката ја забегаа работава, но исто така не е ни битно важно е! пораката за сила и поддршка на АВАЈА е постигната на било каков начин со тоа што дава гаранција позиција плус во локалните или парламентарните избори. Добро е што во целиот процес се покажа дека Ромот може да излезе на улица да се бори и ја искажува својата неправда, нееднаквосто како и селективната дискриминација. Се поставува прашањето зошто? до денес немаме став од Амбасадата на Чешка да го осудува настанот или обратно – Тоа нека биде мотив плус за мое уште едно следно пишување.
Околу протестот само да разјаснам поврзано со бројките од тоа што следам во социјалните мрежи дека тоа било најбитно да ви укажам на следните факти дека во протестот забележано е помеѓу присутните:
-Претставници од Ромските политичките партии.
-Претставници од двете Ромски џамии од Шуто Оризари.
-Претставници од администрацијата на Општината Шуто Оризари.
-Претставници од Општинскиот комитет на СДСМ.
-Уметници.
-Медиумски работници.
-Активисти и др.
(Со тоа се занемарува фактот дека беа присутни само претставници од невладиниот сектор).
Кој би бил бенефитот или користта од тоа да имаме дополнителни информации за протестите во другите земји? Да и таму се оддржаа протести (беа истрошени средства за технички, организациони и друѓи трошоци ) Добро е што од нешто се почна. Според мои анализи протестите кои беа организирани во Франција, Германија и Белгија за жал не беа ни забележителни битно пораката беше испратена честитки за трудот за организаторите (важно!обврската е исполнета).
Сепак, тој солипсистички однос (ментална психолошка форма) кон светот за нас тешко дека е паметна позиција. Освен ако не се мисли дека за нас Ромите не не допираат светските текови и дека ние сѐ што треба да знаеме за протестите – веќе го апсолвиравме, па не ни треба ниту знаењето ниту инспирацијата од другите земји за нас е многу побитна дневната политичка манипулација (за жал).
Да се надеваме дека случувањето со примерот и убиството на Томаш од Чешка ке биде минато правдата ке се задоволи и Ромскиот глас ке допре до Чешките власти.
Севгул А.