Blog Rig 96

Bahtarin tar Premieri Makedonijako Zoran Zaev..

Avdive nišankeraja o 31 berš tar dive e Romengoro 8 to April ando tar Pašakerde Nacie, jubilej tar 50 berša e jekto Kongresesko ano vakti tar 1971 berš ko London,sar thaj 20 berśa tar o hramipe e Romen ano Ustavi e Makedonijako, vakerla ki bahtarin o Premieri Zoran Zaev.

Денеска одбележуваме 31 година од прогласувањето на 8 април за Меѓународен ден на Ромите од страна на Обединетите нации. Важни јубилеи за Ромите оваа година се и 50 години од одржувањето на првиот Светски конгрес на Ромите во Лондон, како и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата држава.

Денеска се потсетуваме на досегашни конкретни политики и мерки од непосреден интерес за ромската заедница, преку кои им се подобрија можностите за еднакво учество со останатите заедници.

Имаме политичко преставување на Ромите во Владата, во мојот кабинет, во Парламентот, во институциите. Пропорционалната застапеност треба да продолжи да се рефлектира и во останатите ешалони на централната и локалната власт.
Продолжува процесот на подготовка на новата десетгодишна Стратегија за Роми согласно Европските рамки, која треба да ја отслика реалната слика на Ромите во нашата држава, но и да обезбеди конкретни мерки за да имаме позабрзана интеграција на Ромите.
Во 2021 година за имплементација на Стратегијата за Роми и Стратешките планови од приоритетните ресори за директни, таргетирани и генерални политики се планирани околу 1 милион евра.
Со новиот Оперативен план за активни мерки за вработување имаме таргетиран пристап за ромската заедница, во кој планирани се 565 лица или 10% од вкупниот број на корисници, во пет програми за активација на пазарот на труд.
Креиравме долгорочна мерка за економско зајакнување на ромската заедница преку Мечинг фонд за претприемништво за Роми. Креираме револвинг фонд од 2 милиони евра за кредит со поволна каматна стапка за ромските претприемачи за формализација на нивната дејност и за унапредување на бизнисот.
Донесовме Закон за неевидентирани лица во матичната книга на родените, со што се решаваат проблемите на 680 сограѓани Роми.  Во тек е Предлог-законот за продолжување на процесот на легализација, преку што нашите сограѓани Роми имаат можност да добијат документи за сопствеништво на своите живеалишта, како чекор кон подобрување на условите за домување и подобрување на инфраструктурата во Ромските населби.
Во соработка со Делегацијата на ЕУ, се реализира проектот за обезбедување на типски куќи, наменети за социјално домување. Проектот започна во Кочани, а ќе бидат опфатени и Виница, Велес, Шуто Оризари, Штип, Прилеп и Битола.

Ромите се нашиот потенцијал кој треба да се стимулира и да расте. Стратешките определби за Ромите, се и државни цели. Ромите во Република Северна Македонија имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот.

Честит Меѓународен ден на Ромите! Bahtalo o 8 April – e Romengoro Maškardžijaneskoro Dive!

Roma Press

Bahtarin tar Presidenti e Makedonijako Stevo Pendarovski baš o 8- to April..

Bahtarin baš o sebepi niśankeribnasko o Sumnalesko dive e aromengo ani sasti lumja thaj Makedonija, o Presidenti e themako Stevo Pendarovski avdive bičavga mesažo đji sa e Roma baš o valanipe e biđukosko numa hem so sa trubul te kerelpes e Romane jekinake ano pobuter umala.

Со потврда на знамето, химната, јазикот и културата во 1971-ва година, на Ромскиот конгрес во Лондон, беше потврден идентитетот на над 12 милиони Роми во Европа.

Половина век подоцна, должни сме да градиме општество кое ќе ги вреднува разликите и ќе обезбеди
рамноправно учество на сите граѓани во носењето важни одлуки.

На овој процес не треба да работиме само денеска. Потребите на ромската заедница се секојдневни.

#8thApril #InternationalRomaDay

Roma Press- bićaldo kabineti Presidentesko Stevo Pendarovski.

Bahtarin tar Presidenti e Parlamentaresko ani Makedonija Talat Đaferi..

Bahtarin tar Presidenti e Parlamentaresko tar Republika Utarali Makedonija Talat Đaferi, vakeribnaja baś o baripe e biđukosko 8 to April sar Sumnalesko dive e Romengoro ani sasti Lumja.

Почитувани граѓани, припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија, честит 8 Април!

Ми претставува чест и задоволство од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам овој толку важен ден за ромската заедница, односно полни 31 година од прогласувањето на 8 Април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации, одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од првиот Ромски конгрес од 1971 година, и секако, 20-годишнината од впишувањето на Ромите  во Уставот на Република Северна Македонија.

Во ова заедничко општество кое сите го градиме, поединечно а сепак заедно, различностите се нашиот главен адут со кој му претставуваме на дело на светот што значи да живееш и твориш имајќи во секој миг, и на секое поле од општественото живеење меѓусебна почит и разбирање. Градењето на инклузивно општество, со достоинствени услови за живот, творење, напредување на секој поединец е наша обврска која произлегува од ратификуваните универзални декларации, од Стратегијата за Ромите и Стратешките планови на Владата, така што во ниту еден миг не смее да се доведе во прашање целосната интеграција на сите наши граѓани. Ве уверувам дека јас лично, и Собранието на Република Северна Македонија, сме тука за ставање во сила на секој преземен чекор кој што ќе биде во насока на исполнување на тие заложби. Секако, тоа ќе биде заедничка придобивка, и за граѓаните, и за државата.

Упатувам искрени желби за личен и колективен напредок, добро здравје, благосостојба и убаво поминат ден во кругот на Вашите најблиски.

Roma Press- Sobranie tar RSM

Angli Rađi ( vlada) čhivdo tano o Romano Bajrako – Barikane Roma(gorda roma)..

По повод 8- ми Април Светскиот ден на Ромите  како и 50 годишнината на првиот конгрес на Ромите во далечната 1971 година, денес по прв пат во Владата на Република Северна Македонија се вее Ромското знаме.

На овој убав ден, 50 годишнината од Меѓународниот ден на Ромите, сите заедно да посакаме да почнат промените, да бидеме горди Роми и сите заедно да сведочиме дека повеке нема да се слушне или гледа дискриминиран Македонски Ром!

Bahtalo neka ovel amenge 8- to April

Roma Press

Bahtarin tar o PCER baś o biđuko 8 to April – dikhen Video..

Baś o sebepi 8 to April Sumnalesko dive e Romengoro ani sasti lumja, o PCER thaj olako Presidenti o Samka Ibraimovski bičalela bahtarin đji sa e Roma.. Dikhen Video

Hazri kerga: Roma Press – bićaldo tar o PCER.

 

 

Bahtalin tar o NPR baś o biđuko 8 – to April..dikhen Video

Baś o sebepi 8 to April Sumnalesko dive e Romengoro ani sasti lumja, o NPR thaj olako Presidenti o Gege Demirovski bičalela bahtarin đji sa e Roma.. Dikhen Video

По повод 8 – ми Април  Светскиот ден на Ромите, Ромите денес  го одбележуваат  низ целиот свет.  Оваа година се одбележува  јубилеј од 50 години од одржувањето на првиот Светски Конгрес  кој се одржа во Лондон во 1971 година. Овој Конгрес  има историско значење за Ромскиот народ затоа што беа донесени историски  и важни одлуки кои се однесуваат за сите Роми низ целиот свет, укажа Геге Демировски – Претседател на НПР.

Roma Press- bičaldo tar NPR

Bahtalin tar SRM baś 8- to April Sumnalesko dive e Romengoro..

Bahtarlin bićaldo đjinko Roma Press tar Presidenti Sojuzi e Romengoro tar i Makedonija Gabriel Bajram baś o Maśkarthemutno dive e Romengoro ani sasti Lumja ( svet).

Ani Bahtarin kerlapes lafi baś o barovipe e biđukoskoro thak kobor si valanutno baś i Histo4ija e Romengiri ani sasti lunja vakerla o Gabriel Bajram.

Пред точно 50 години, на денешен ден, се стави печат на ромскиот идентитет и се поставија темелите на ромската нација. Група на истомисленици од 5 до 12 Април 1971 година во Лондон, макотрпно работеа за создавање на ромско национално единство преку формирање на тело кој ќе ги обедини сите Роми од повеќе држави, во еден и единствен идентитет се со цел заедничко делување кој ќе придонесе кон борба против неправдата на еден народ кој впрочем е ист, но поради различната боја, различната култура, различниот јазик големите сили го ставија на работ на маргинализацијата мислејќи дека се слаби.
Иако претходно имаше обиди за самоорганизирање на нацијата, сепак 23 претставници од 9 земји, под организација на тогашниот ромски комитет, а сега Интернационална ромска Унија, го организираа првиот ромски светски конгрес на кој се донесоа важни одлуки: песната Џелем, џелем, да стане и официјално ромска химна, да се употребува називот Ром/Роми за целата нација и одлука за ромското знаме. За Република Северна Македонија овој ден е од големо значење, бидејќи преку свои ромски претставници, како држава директно учествуваше во донесувањето на најважните историски одлуки за Ромите во светот.
По повод Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април, Партијата Сојуз на Ромите од Македонија, го честита националниот празник на Ромите во Македонија и упатуваме пораки за сплотеност и заедништво. Визионери во седумдесеттите имаа една зацртана цел и истата беше реализирана сплотено, верувајќи во заедничките национални идеали. Господинот Амди Бајрам, кој неодамна почина, отсекогаш повикуваше на заедништво помеѓу сите Роми без разлика на политичка и верска припадност. Тој велеше дека единствено со заеднички сили на сите Роми, може да се постигнат резултати.
Затоа и сега, по повод одбележување на 50 годишнината од одржување на Првиот ромски конгрес, сакаме да упатиме апел до сите политички партии и невладини организации, меѓусебната почит и меѓусебната соработка ќе даде поголеми плодови, бидејќи заедницата чека и верува во сите нас. Сега е време да престанеме со фрагментации и конфузии ставајќи ги во преден план индивидуалните интереси. Колективот не смее и не треба да чека. Затоа повикуваме на заедништво и меѓусебна соработка бидејќи годините брзо се бројат, но да не дозволиме во годините што следат да нема резултати, бидејќи одговорноста ќе биде на сите нас.

Roma Press – bičaldo tar SRM.

Bahtalin tar PDPR baś o biđuko Romengo 8- to April.

Bahtari tar partija PDPR baš o Sumnalesko dive e Romengoro 8 to April, thaj o jubilej tar 50 berša e jekto kongresesko savo kerdilo ano 1971 berš.

Dikhen video..

 

По повод 8-ми април е Меѓународен ден на Ромите кој се одбележува низ целиот свет.  Оваа година се одбележува  јубилеј од 50 години од одржувањето на првиот Светски Конгрес  кој се одржа во Лондон во 1971 година. Овој Конгрес  има историско значење за Ромскиот народ затоа што беа донесени историски  и важни одлуки кои се однесуваат за сите Роми низ целиот свет.

Hazri kerga: Roma Press

 

Bahtalin tar politikani partija DSR baś 8 to April

8-ми април е Меѓународен ден на Ромите кој се одбележува низ целиот свет.  Оваа година се одбележува  јубилеј од 50 години од одржувањето на првиот Светски Конгрес  кој се одржа во Лондон во 1971 година. Овој Конгрес  има историско значење за Ромскиот народ затоа што беа донесени историски  и важни одлуки кои се однесуваат за сите Роми низ целиот свет и ги постави темелите за современ развој, унапредување  и решавање на сите ромски прашања. Исто така овој конгрес претставува појдовна основа за инклузија на Ромите во сите сфери на општественото живеење во сите земји каде што живеат.

Од одлуките кои биле донесени на Првиот Конгрес на Ромите  како најважни ги одвојуваме:

-Утврдено е потеклото на Ромите, односно научните истражувања го потврдија  нивното потеклото дека е од Индија, а тоа истото го потврди и Индиската држава;

-Граѓаните од оваа етничка заедница од овој Конгрес се нарекуваат Роми – со тоа се воспоставува националниот идентитет на ромската заедница;

– Донесена е одлука за изгледот на знамето, а тоа е сината боја како симбол на небото и ширината на ромскиот дух ,на горниот де од знамето, зелената боја како симбол на тревата и земјата на која престојуваат, на долниот дел од знамето и на средина црвено тркало – како симбол на патувањата на Ромите.

– Унифицирање на Ромскиот јазик и употребата на Romani čhib;

-Одлука за барање на репарација од страна на Германија за сторениот геноцид врз ромскиот народ   во Втората светска војна

– одлука за негување на културата на Ромите и други одлуки.

Во Република Македонија, од 2007 година, со поднесување на амандман за дополнување на Законот за празници, од страна на тогашниот пратеник  на Демократските сили на Ромите во Собранието на РМ, д-р Шабан Салиу, 8-ми април се одбележува како национален празник  на Ромите во Македонија и е прогласен за неработен ден.

За жал и денес во 21 век Ромскиот народ се уште се наоѓа на маргините на општеството како најсиромашни и со најголем број на невработени. Голем број Роми се уште живеат во супстандардни живеалишта без основни услови за живот.

И покрај Уставните загарантираните права и слободи, предвидените права во домашната  законска регулатива , особено Законот за спречување и заштита од дискриминација  ,како и во Конвенцијата за човекови права, Ромите повторно остануваат без можноста за остварување на основните права и слободи. И понатаму  се не еднакво третирани од општеството, со висок степен на стереотипи и предрасуди во секој сегмент од општественото живеење.

Токму поради тоа денес, ние Ромите, 8-ми април го одбележуваме како ден на надеж  за целосна интеграција во сите општествени текови и надеж за подобро утре на сите граѓани кои припаѓаат на Ромската заедница.

Демократските сили на Ромите, на сите граѓани од Ромската националност, без разлика каде живеат, во било кој дел од државата и во светот, им го честита  празникот 8-ми април и им посакуваме пред се добро здравје, многу успех и просперитет.

По повод  8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, делегација на партијата Демократски сили на Ромите , предводена од претседателот д-р Шабан Салиу, потпретседателот  Ајдуван Мамудов и генералниот секретар Бајрам Куртеши се одржа средба со претседателот на ВМРО  ДПМНЕ Кристијан Мицковски. Се  разговараше  за проблемите со кои се соочуваат Ромите како и за подобрување на положбата  на ромската заедница и нивно интегрирање во системот на државата. Помеѓу останато, заеднички беше констатирано дека Ромите живеат на маргините  на општеството со висок степен на сиромаштија, невработеност, во супстандардни живеалишта без основни услови  за живеење. Од  двете страни  беше заклучено дека со идната Влада на коалицијата за обнова на Македонија, предводена од ВМРО  ДПМНЕ ќе се направат посебни напори за подобрување на положбата на граѓаните од ромската заедница  со пронаоѓање  на трајни системски решенија и креирање на политики  со цел подобрување и унапредување на положбата на Ромите.

Sebepi 8-to April, e Romengoro maškardžijaneskoro  dive,  delegacija tari partija Romengere demokratikane takatija, legardi taro prezidenti d-r Šaban Saliu, teli  prezidenti Ajduvan Mamudov thaj generalnikano sekretari  Bajram Kurteši, kergja pe arakhibe e prezidenteja  taro VMRO DPMNE, Kristijan Mickovski. Kergja pe lafi  baš o problemija  kolencar so khuvena pe o Roma sar thaj pošukar keribe e romane kedinakoro hali  thaj lengoro integriribe ko raštrakoro sistemi. Maškar javer, barabarutno sine konstatirime  kaj o Roma dživdinena ko margine taro sasuitnipe , uče  digraja, čorolipe, bibukjarnipe, supstandarnikane  dživdipaskere  šartija  bizo fundavne dživdipaskere šartija.

E solduje rigendar sine phandimo kaj e avutne  Radžaja taro VMRO DPMNE ka keren pe ulavde  takatija  te keren pošukar o hali e romane kedinake arakhindoj  sistemikane čhinaviba thaj kreiribe politike resarinasa te kerel pe e Romengoro  bajroibe thaj angledžaibe .

Roma Press- bičhaldo tar DSR.

Ginekologijaki ambolanta ka ovel aktivno doktoreja havlarga o Ministeri Venko Filipče..

Avdive prekal poro fb profili Ministeti baš sastipe Venko Filipče avdive havlarga ano evtato puterdo havlaribe arakhle doktori savo kamla te lel o kotor tar ginekologija thaj te putrelpes te ovel aktivno baš ginekologijako saslovipe ani Komuna Šuto Orizari.

Денес преку својот ФБ профил Министер за Здравство Венко Фолипче најави дека се најде трајно решение на проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари.
После 6 неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника. Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение. Сакам да информирам дека заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што МЗ го реши и овој децениски проблем во општината, укажа Министер за Здравство Венко Филипче.

Roma Press- Venko F.

- Reklam -

KOLUMNE