Sajdime teleder daja tumen shajipe te drabaren reakcija bichaldi dji ko Roma Press tari Romani politicko partija PDPR thaj olakoro Presidenti Aksel Ahmedovski.
Drabaren teleder👇👇👇
Анализа и Реакција на ПДПР за вчерашното интервју на Рома Прес со соговорникот од Србија гос. Желјко Јовановик.
1.Интервјуто беше со лице странски државјанин кој говореше за севкупната состојба на Ромите во државата кој во содејство со домашните петоколонаши подобрувањето на состојбата на Ромската заедница ја гледаат низ призмата на парите.
2. Од Разговорот јасно се потврди сомневањето дека основната цел преку новите фондови и староновите лица е да од политичката сцена потполно да се елиминираат Ромскиот политички блок за да Ромската заедница нема свои избраници кои директно ќе учествуваат во креирањето и реализирањето на јавни политики од интерес на нашата заедница.
3.Се потврди и фактот дека тие се главните виновници што не функционира единствениот Ромско Политички Извршен орган односно Министерството без Ресор кое разбирливо за нив го обезвреднуваат иако тоа беше основната алатка за директно учество на Ромската заедница во креирањето на политики за себе.
Признаа дека тоа е нивна грешка, понудија она што понудија на властите и не доведоа во незавидна состојба и сега замислете ги тие истите ѓи напаѓаат Ромските партии.
4.Како вчера така и завчера Ромските портали и лицата кои се занимаваат со новинарство крајно ги понижија и ги претворија во циркузанти споредувајќи ги со ,,Ајгара Бенд,, и ги доведоа на исто ниво поточно ги понижија и двете фели што е крајно неприфатливо и неморално.Ти доаѓаат дома и те вреѓаат без око да им трепне а некој пак се насладува по тие пусти хонорари.
5.Кон новинарите се заканија дека повеќе нема да ги толерираат затоа што наводно им вршеле ,,Тортура,, што е тешка кривичноправна квалификација.
Од нивното однесување неможе да се детектираат последиците од претходната тортура врз нив,немате видливи физички последици ниту пак повреда на менталното здравје бидејќи видно беше дека настапите им беа без страв,вознемиреност,без срам,и со доза на хумор и сатира и она што е најбитно никој не можеше да констатира дека вие новинарите сте опасни по личната безбедност-како главно обележје на тортурата.
6.Ги признаа грешките со Болничкото возило како и со пописот,од тука е заклучокот дека парите кои се вртат кај истите луѓе од нив создадени во јавноста понекогаш предизвикува и негативен ефект за очекуваниот резултат а на штета ем на државата ем на нашата заедница.
Краен заклучок: Соработката на надворешните сили со поддршка на внатрешните прави силно и страшно раскинување на Ромското ткиво на секое поле особено на политички план која е основната идеја водилка на таквата соработка.
Со почит
ПДПР