PDPR- Aksel Ahmedovski dośakerena(obvinuvaat) baś vazdipe zor upral olende thaj đene tar olengi partija..

1087

Presidenti tar partija PDPRM-Aksel Ahmedovski avdive javno dośhakerela baś upral olende so kerlapes zor, mobing thaj političko revanśizam tar ,,Vodovod” ko Koćani.
Teleder drabaren ani Makedonikani ćhib i ikerdi press konferencija.

Претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски денеска на прес конференција пред управната зграда на „Водовод“ во Кочани обвини дека имало физички напад и мобинг врз вработени во комуналното претпријатие, кои се членови на партијата.

Нападот се случил во текот на работното време додека вработените ја одржувале јавната хигиена, при што имало закани со политичка конотација, а за кои Ахмедовски изрази сомневања дека се поттикнати од повисоки раководни структури.

-Нашите членови, вработени во „Водовод“, биле физички нападнати и навредувани од лице кое изјавило дека е назначено за нивен раководител, на местото на досегашниот одговорен за одржување на јавната хигиена, кој е и потпретседател на ПДПР. Сметам дека ваквите постапки и користењето на некаква политичка моќ се крајно непримерни и не е време за изразување на нечии фрустрации и политички реваншизам, само затоа што нашите членови му давале поддршка на кандидатот за градоначалник предложен од СДСМ. Сакам да верувам дека актуелниот градоначалник, директорот на комуналното претпријатие и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани не ја поттикнале насилната постапка. Ваквите настани не се случуваат само во Кочани, туку и во други градови, при што освен кон партиските членови, закани и навреди се упатуваат и кон мене како претседател на ПДПР, истакна Ахмедовски.

Насилничко однесување било пријавено во полиција, при што Ахмедовски упати повик надлежните органи да го испитаат случајот и да преземат соодветни мерки.

Од КЈП „Водовод“ ги отфрлија обвинувањата дека имало некакво поттикнување за настанот, а в.д. директорот Иван Иванов осуди какво било насилство и мобинг доколку се случиле.

Roma Press- PDPR