ROMALITICO-ПОВИК ЗА ПОМЛАД ИСТРАЖУВАЧ

1304

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико од Скопје има потреба од Помлад истражувач за програмата Економски развој на Ромите. Визијата на Ромалитико е да се стреми да ја предизвика статус-кво состојбата и да ја унапреди положбата на Ромите во Европа. Мисијата на Ромалитико е да промовира динамично отворено општество преку анализи, истражувања базирани на докази и застапување за влијание врз јавните политики, односот на моќта и распределбата на ресурсите за Ромите во Република Македонија и Европа.

Помладиот истражувач има за цел за придонесе кон реализација на Програмата за економски развој на Институтот чија цел е  да произведе висококвалитетни истражувања, политики базирани на докази и застапување на интересите на Ромската заедница во делот на креирање политики за вработување, вклучување на интересите на Ромите во фондовите на ЕУ и државниот буџет како и промоција на политики за економски развој на  Ромската заедница.

Опис на одговорности и задачи:

  • Подготовка на документи и барања за податоци во координација со менаџерот на програмата;
  • Подготвува анализи, истражувања, анкети за потребите на реализација на целите на програмата;
  • Учество во спроведувањето на проектните/истражувачките активности со цел постигнување на предвидените резултати – организирање состаноци од помал и поголем обем, јавни настани, кампањи, поддршка на истражувачи, проектни координатори, асистирање во изработка на извештаи за спроведените активности, обезбедување видливост на спроведените активности и сл.;
  • да се грижи за уредноста на регистрите, администрација на проекти
  • Комуникација со проектни партнери и соработници;
  • Извршување на други задачи во согласност со потребите на Институтот за истражување;
  • Логистичка поддршка при организација на настани;
  • Поддршка во пишување на предлог проекти и подготовка на буџети

Потребни знаења и вештини на кандидатите:

  • Завршено минимум високо образование, или апсолвент во областа на Економија, Финансии, Менаџмент, Политички студии, право и сл.
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките (Excel), познавање на алатки за статистичка обработка на податоци ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини, познавање на Англиски и Ромски јазик ќе се смета за предност
  • Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Желба за учење за приватен и професионален раст
  • Работно искуство во граѓанскиот сектор ќе се смета за предност

Услови за работа:

Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во просториите на Институтот за истражување и анализа на политики – Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 4 месеци, со можност за продолжување во времетраење на 1 година.

Хонорар: Бруто хонорар со договор на дело 21,600 денари.

Рок и начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

  • Кратка биографија  (CV Europass формат на македонски јазик) ;
  • Мотивациско писмо на македонски јазик. (1 страна)

На електронската адреса  [email protected]  со наслов/назнака [име и презиме] Апликација за работно место – Помлад истражувач.   Рокот за поднесување на апликации е до 3 Јуни 2019 година, до 12:00 часот, напладне.

Начин на селекција:

Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на интервју во периодот од 4 до 7 Јуни, 2019 во Скопје. Се очекува селектираното лице да започне со работа најдоцна до 15 Јуни  2019 година.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. Ромалитико го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.

Hazri kerga:Roma Press