Blog Rig 102

Grkijaki hona (granica) Evzoni tar javin puterdi tani baš khuvibe thaj ikhlovipe..

Honako nakhipe Evzoni tar Makedonijaki- Grkijaki rig, javinako palpale tano puterdo baś soobrakaj ano khuvipe andre thaj ikhlovipe.

Ministeriumi baš andrune bukija havlarge tar lende informacie Grkijake rigatar sostar baš o havlardo štrajk savo sine havlardo ikheripnaske tar grkijake carinerija.

Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница, утрово е повторно отворен за секаков вид сообраќај за влез и излез од земјата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека според информациите добиени од Република Грција граничниот премин кој поради штрајк на грчките цариници беше затворен од вчера од 5 часот, е отворен утринава од 05.30 часот.

Hazri kerga: Roma Press lendo tar fokus.mk

Avdive ulavde 50 tabletoja baš o čhavore (sikhle) tar o Tetovo..

Asocijacija baš demokratikane buvlaripe e Romengo Sonce tar Tetovo avdive ulavge 50 tabletoja baš i Komuna Tetovo sar ikheripe e čhavorenge save resarena tar socijalno kategorija tar Romane jerije(familie).

Doniribe tano lendo ano pervazija(ramke)tar proekti,,Zorakeripe e lokalnikane kapacitetoja tar lingaripe e Agendako 2030 telal principi ,,Khoni te na ovel ačavutno”.

Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово денес додели 50 таблети на Општина Тетово за поддршка на деца кои доаѓаат од ранливи категории на семејства!

Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот „Никој да не биде изоставен“ во партнерство со Здружение на општини Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС.
Проектот е имплементиран од НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ и ЗЕЛС, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ).

Roma Press-B.O-Sonce

Ani Bitola mardo Rom J. Vejsel..

ROMA PRESS – pali dikhlo live prekal socijalna mreze baš o nastan savo resarga ano 09.02.2021 berś tar fizičko thaj brutalno maribe upral o J.V. O nakhlo vikendi resargem ano pobuter informacija lende prekal MVR thaj avera riga(strane). Teleder daja tumen śajipe te drabaren ani Makedonikani čhib.

Преку социјалните мрежи деновиве повторно се укажа за предметни случки на физичка бруталност по етничка основа каде се укажа дека во Битола бил претепан лицето Ј.В кој деновиве доби широко медиумско внимание за настан кој се случи на 09.02.2021 год.

Начело за јавностa на кое преку live пренос беше укажано за случајот, станува збор за претепано лице Ј.В.(од лица кои не се познати).

На полицискиот запис на кој е ислушан Ј.В. од полициски службеник во Битола, повредениот го укажа целиот настан како и што се случи. Впрочем целиот настан е поврзан во посомневање дека врз него непознатите лица без причина или докази започнаа физичка пресметка со тоа дека наводно од домот на лицето непознат во возраст(50-год) бил украдено возило (комбе) и возилото го управувал Ј.В. Но лицето кој бил претепан укажа на спротивното и дека станува збор за невистина.

Рома Пресс по службена должност го контактиравме портпаролот на МВР Тони А укажа дека полицијата е запознаена со случајот,итно се превземаат сите активностите да се најдат сторителите и да се расчисти случајот (поднесоците се во тек).

На 09.02.2021 во СВР Битола Ј. В (26) од Битола пријавил дека на ден 08.02.2021 на ул”Бул.„1-ви Мај“ во Битола, непосредно пред објектот на Територијалната противпожарна единица во Битола, бил физички нападнат од страна на две лица кои му нанеле повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Hazri kerga:Roma Press

Presidenti parlamentaresko Đaferi lela lavkeripe ani interpartisko parlamentareski kupa..

Sajdime, daja tumen šajipe ani hramimi forma ki Makedonikani čhib te drabaren o lav keribe tar Presidenti e Parlamentaresko rajo, Đaferi savi kerga lafi anglal Interpartisko parlamentarno kupa savo sas ikerdo ando Parlamenti Utarale Makedonijako.
O lav keripe sas prezentirimo ano profili e rajnake Ljatifa Śikovska.

Почитувана новоименувана координаторка на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, г-ѓа Љатифа Шиковска,
Почитувани колеги,
Почитуван прв координатор и претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите, г. Самка Ибраимоски,
Почитувани екселенции,
Почитувани претставници на невладиниот сектор,
Почитувани медиуми,
Дами и господа,
Ми претставува чест и задоволство што денес присуствувам на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, која е уште една неформална група во низата неформални групи што се основаа како продолжување на воспоставената практика со претходните парламентарни состави. Тоа е знак дека без оглед на составот, програмите, идеологиите на различните пратенички групи застапени во законодавниот дом, фокусот и интересот остануваат непроменети, волјата и ентузијазмот остануваат во полн капацитет и остануваме доследни и посветени кон исполнувањето на препораките, критериумите и обврските кои произлегуваат од потпишаните, ратификуваните универзални декларации и спогодби, и кон нашата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија. Од таа наша определба, како што ви е верувам познато на сите присутни тука, произлезе и Националната стратегија за Ромите со која стратегија би требало да се постигне траен развој во социјалната, економската и политичката сфера и, особено да се обезбеди заштита од дискриминација и расизам, вклучително и пристојно домување, соодветно образование и здравствени услуги за овие наши граѓани. Решавањето на проблемите во овие области, ќе влијае и придонесе видно во намалувањето или уште пооптимистички, во искоренувањето на сиромаштијата што секако ќе ја подобри сликата за Република Северна Македонија која со Устав е конституирана како суверена, самостојна, граѓанска и демократска држава која обезбедува социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот. Тоа што денес, во претставничкиот дом на граѓаните се конституира и оваа интерпартиска група, е доказ дека сите имаме јасна претстава за тоа која е нашата улога, колкава е законодавната моќ и како таа влијае врз овозможувањето на еднакви услови за живот за секој поединец. И ние, како и институцијата, созреваме и се издигнуваме над партискиот интерес и без оглед на политичката провиниенција од која доаѓаме, се здружуваме, соработуваме и правиме нешто за општото добро а конкретно во овој случај, за доброто на нашите граѓани од ромската етничка заедница. Сепак, законите, прописите, принципите на еднаквост, на недискриминација, инклузивност и достапност зависат од човечкиот фактор, од неговата изградената свест и чувство на одговорност и перцепција на состојбите и условите на терен. За тоа да биде веродостојно и автентично, потребно е да се согледаат ефектите од законските одредби конкретно и реално на терен, таму каде што сета суровост на недоволната или пак уште полошо, непостојната инклузија и правна инекзистентност ги оневозможува граѓаните да ги уживаат своите права, меѓутоа и да ги исполнуваат своите обврски. Знаете дека се реферирам на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, што го усвои Собранието, а кој што беше инициран за решавање на одамна нотираниот проблем кој што се игнорираше со години наназад а се однесува на лицата што не се евидентирани во матична книга на родени, немаат лични документи и се најчесто од најранливите општествени слоеви. Ние не смееме повеќе да ги оставиме овие луѓе кои со години се среќавале со реални проблеми и биле невидливи за заедницата да продолжат и понатака да живеат на маргините на општеството! Законот обезбедува институционално-правна рамка за конечно да добијат граѓански идентитет кој што ќе им го отвори патот за остварување на сите права и обврски гарантирани со Устав за сите граѓани: правото на образование, здравствена и социјална заштита како и вработување со задолжително социјално осигурување.
Почитувани,
Сакам да ја искористам оваа можност и да ја изразам мојата почит кон почитуваната новоименувана координаторка на оваа интерпартиска група, колешката Љатифа Шиковска која во сиот нејзин досегашен ангажман како активистка за остварување на основните човекови права како и заштита на децата, денот го поминуваше на терен, а јас немам воопшто сомнеж дека и сега, како пратеник, повеќе ќе биде на терен, со граѓаните, отколку во собраниската канцеларија, затоа што, како што вели и самата, работата на терен и помага да ја согледа реалната состојба на Ромите и врз основа на тие согледувања ги креира и соодветните проекти, сега, ќе може со заеднички сили, со координирање на активностите и насочување на истите кон конкретни цели, да постигне успех кој што ќе се рефлектира врз подобрувањето на животот на нашите сограѓани Роми.
Почитувани колеги,
Ви посакувам успех во работата, постигнување на уште многу конкретни резултати кои ќе бидат плод на заедничката работа, а притоа, ве уверувам дека ќе имате и моја поддршка како претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Roma Press- profil Ljatifa Š.

Dejbe dumo baš i Komuna Šuto Orizari-269.750 denarija baš dezinfekciono sredstvoja..

Romalitico savo si kotor tar Inicijava AVAJA ano 12 Fevruari 2021 berš barabar e Britanijake Ambadaja Rejčel Galovej ale ano misafirluko ki Komuna Šuto Orizari sebepeja baš dejbe dumo baš i čhavjorin(gradinka) 8-mi April, dejbe paklukoske (čistibnaske) sredstvoja baš dezinfekcija.
O dumo tar akava aktiviteti legarela 269.750 denarija.

Ромалитико кој е дел од инцијативата AВАЈА на 12 февруари, 2021 година заедно со амбасадорката на Британската Амбасада, Рејчел Галовеј беа во посета на Општина Шуто Оризари и во рамки на проектот “UKaid in Roma Communities” поддржан од страна на British Embassy Skopje ja предадоа донацијата во средства за лична хигиена и дезинфекција за површини за детската градинка “8 Април”, училиштата и општината. Донацијата изнесуваше 269.750 денари.

Roma Press- AVAJA

AVAJA – Thavdinga e kampanjaja ,,Barikane Roma”- Горди Роми.. dikhen Video

Avdive tar o 10:30 dakikija i Inicijativa AVAJA havlarga i kampanja baš Popis 2021 ani Makedonija anavkerdo sar ,,Barikane Roma”(Горди Роми).
Ani pres konferencija kerge lafi legarutne e inicijativake Albert Memeti, Elvis Šakiri sar thaj e pretstavnikoja save ka lingaren i buti e timoncar i Marija Sulejmanova thaj Selvija Mustafi.

Dikhen o Video savo kerdo tar timi Roma Press..

Денес во 10:30 часот во хотел Турист (Best Western)Граѓанската иницијатива Аваја одржи прес конференција со што ја најави својата кампања “Горди Роми”,,Barikane Roma”која ќе се одвива во пресрет на пописот кој е најавен да се одржи во април 2021.

На прес конференцијата говореше,Елвис Шаќири, претставник на тимот за застапување на Аваја, Алберт Мемети,Марија Сулејманова претставничка на тимот за комуникација,Селвије Мустафи претставничка на тимот за организирање на ромската заедница која ќе ги претстави активностите на терен со ромската заедница.

Hazri kerga: Erdan M- Neđmedin A.- Roma Press.

Asocijacija,,Sonce” ulavga baś o Kumanovo 16 lap topija..

Komuna-Kumanovo resla ano leipa tar donacija 16-lap top kompjuterija tar Asocijacija baš demokratikano buvlaripe e Romengo,,Sonce”tar Tetovo.
Donacij ka delpes baš o čhave ano sikhlovne baš socijalno kategorije tar Romane familie. Donacija ikherga ola o Šerutno tar Komuna Kumanovo Dimitrievski.

Општина Куманово денес доби донација од 16 лап топ компјутери од Асоцијацијата за демократски развој на Ромите “Сонце”-Тетово. Донацијата е наменета за поддршка на учениците од основните училишта за социјално ранливите семејства, исто така денес донацијата ја прими Градоначалникот на општината г-дин Димитриевски.
Проектот е имплементиран од НАЛАС-Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ и ЗЕЛС, во соработка со GIZ, а во име на германското федерално Министерство за економска соработка и развој.
Roma Press- Sonce

Tornado ano Khoranipe kherdo si thaj bibah upral manušikano bedenija ( telo)..

Tornado astarga ani dis Čeśme, 90 km tar Izmir ano Khoranipe(Turska) pelaribnaja o kašta,sar thaj baro materijalnikano bilačipe upral tomofilija thaj brodija.
Maj but kerdo materijalnikano bilačipe upral o nevo gradište tar neve nilajeske khera, numa ano akava bilačipe isi thaj kerdo bilačipe upral manusikane bedenija(telo).

Торнадото го зафати градот Чешме, околу 90 километри западно од Измир, уривајќи дрвја, уништувајќи покриви на куќи, како и голем број автомобили и бродови.

Најмногу е погодено локалното градилиште каде се градат летни вили, каде падна кран кој ја уништи монтажната куќа на градежниците, кои се здобија со повреди, а еден заврши во болница со скршеница на ногата, јави новинската агенција Анадолија.

Roma Press – lendo https://mk.tv21.tv/tornado-go-pogodi-turskiot-grad-cheshme-povredeni-16-litsa/

Ani Danska astarde evta manuša save mangle te keren teroristikano atako

Ani barabutni operacija tar Germanijaki thaj Danskaki policija ani Danska astarge thaj phanle evta manušen telal doš kherdo tar eksplozivi sostar kamlapes oleja te kerelpes teroristikano atako.
Ano astarde thaj phanle manuša sine araklo eksplozivi thaj šastra(oruže).

Во заедничка операција на германската и данската полиција во Данска уапсени се седум лица под обвинение дека се обидувале да направат експлозивни направи и планирале терористички напади.
Кај уапсени пронајдени се материјали за изработка на експлозивни направи и оружје.
Веруваме дека поединците имале намера и капацитети да извршат терористички напади во Данска, се наведува во соопштението на данската полиција.

Roma Press- https://www.slobodenpecat.mk/uapseni-sedum-licza-vo-danska-planirale-teroristichki-napadi/

E dizutnen tar Dijaspora ka delpes olenge pobaro vakti baš vas hramin(potpis) Popis 2021..

Sar so vakerla o Direktori tar Zavod statistikake Apostol Simovski phanle ano pučhipe e dizutnencar save đjivdinena ani Dijaspora vakerga, Amare dizutne save jek berš tane avrik djivdipnaja ka delpes olenge śajipe pobaro vakti pheribnaske o online aplikacija sostar olende ka đjal o procesi po phare thaj odoleske ka delpes olenge vakti na sar ki them khere ani Makedonija thavdipnaja tar 1- to April dji ko 21- to April, olen ka ovelen šajipe te agorkeren piri buti đji ko 15- Marti.

Дијаспората ќе има повеќе време за попишување, оти информациите за пописот во странство стигаат многу потешко, отколку во земјава, вели директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски,укажа за радио слободна европа.
Речиси два месеци на располагање за да се попишат онлајн ќе имаат иселените од земјата.

Македонските државјани коишто се во странство ќе може да се самопопишат преку апликација на Заводот за статистика која ќе функционира од 1 март до 21 април. Оние кои се подолго од една година надвор од државата ќе влезат во групата нерезиденти. Пописот во земјава треба да се спроведе од 1 до 21 април, а за одредени групи граѓани ќе има претпопис од 1 до 15 март. За тоа зошто ѝ е оставено толку време за самопопишување на дијаспората, директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски вели дека информациите за пописот во странство стигаат многу потешко, отколку во земјава.

Roma Press- radio slobodna evropa.

- Reklam -

KOLUMNE