Караван – информирање на ромските граѓани за постапката за легализација

1137

Национален ромски центар во текот на месец мај ги посети најголемите ромските населби со цел да ги информира граѓаните за воведените промени во процедурите за легализација од 2011 година до денес.

Карванот патуваше во 6 општини вклучени во рамките на проектот Куманово Кочани, Кичево, Штип, Велес и Прилеп каде што ги информиравме граѓаните за нивните права во постапката за легализација, како да стигнaт до легален дом и придобивките од легализацијата.

Воедно беше направена и промоција на 2 кратки информативни видеа изготвени во рамките на проектот „Поддршка на легализација на ромско домување„ кој го имплементира Национален ромски центар во партнерство со Симбиозис 12 и ОРМ Бела Кула со финансиска поддршка на Европската Унија.

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение  ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Hazri kerga:Erdan M.-Roma Press lendo thar NRC