Пописот и Ромите во Република Македонија?

903

По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.
Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада. Пописот во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување.

Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија.
Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите на корисниците во државата и во странство.

Од пописот се обезбедуваат податоци за, бројот на населението и неговата територијална разместеност, како и за неговата структура според демографски, географски, етнички, економски и социјални белези.

Етничка припадност ?

Пописот кое беше планиран за 2011 година е откажан и само официјалните податоци се достапни од пописот од 2002 година.

Kога се говори за Ромската етничка заедница, со последниот попис се укажува дека 53.879 луѓе се изјасниле како Роми.

Неофицијални податоци спроведени преку анкети од мегународни организации, невладини организации како и ромски активисти, укажуваат дека станува збор за многу поголем број на граѓани кои се изјасниле како Роми во Р. Македонија.

Поради неколку причини, вистинскиот број на Ромите во Македонија тешко да се одреди.

Кумулативната како и систематска дискриминација претставуваат коренски причини за симптомите на Ромите каде во нивната ситуацијата вклучува високи стапки на невработеност, ниско образование и друго.

Преамбулата на Уставот на Република Македонија,  ги препознава Ромите како етничка заедница заедно со Албанците, Турците, Власите, Србите , Бошњаци и други

Според најавуваната дека, Пописот на населението – без графа за етничка и верска припадност – би можел да наиде на сериозен отпор, па дури и да предизвика бојкот од помалите етнички заедници,  тука се наидуваат и Ромската етничка заедница како колатерална штета.

Тие стравуваат дека на тој начин ќе останат без дел од своите права и порачуваат дека во мултиетничка држава е незамисливо граѓаните од различни етникуми да не можат да го потврдат својот идентитет при пребројувањето на населението, а дека со самото изјаснување на еден од седумте понудени јазици на кои ќе се спроведува пописот не е доволно.

На Фејсбук веќе дејствуваат така наречена група „Бојкотирам попис без етничка припадност“,  каде на повеќе јазици е напишано дека тој нема да помине доколку не биде овозможено изјаснување за етничката припадност,,Барем сигурно НЕ од Ромскиот народ во Република Македонија.

За ова прашање постои кај нас консензус како помала етнички заедници, и само на тој начин  ќе се бара заштита на својата посебност која  е гарантирана според  Уставот на Р.Македонија.

Предупредуваат  сега е време  едногласно  да завземаат место како и позиција Ромските политички претставници без разлика на нивната политичка ориентираност, во знак на заштита на Ромската заедница од административно претопување на Ромската заедница на Македонци, Албанци, Турци и др.

Ромите, самите се жалат дека ќе бидат жртви на асимилација, затоа што многумина од нив  во одредени градови во Р.Македонија го зборуваат Македонскиот, Албанскиот како и  Турскиот јазик.

Само со прашањето на мајчин јазик, и јазик кој се зборува при комуницирање не може да се одреди точниот број на одреден етникум ниту пак е доволно за замена на прашането ,,Етничка припадност”

Информативно – според укажаните пресметките, пописот ќе чини речиси осум ипол милион евра што е многу и премногу.

Од тука се поставува прашането до Ромските политички претставници, ке бидат ли глуви на овој многу важен закон кој треба да помине низ филтрирањето на Собранието на Р.Македонија, или ке се чека-од кога ке биде реализиран најавениот Попис – па тие да ги изнесат своите ставови.

Не џабе се рекло првин рипни па после кажи ХОП… 

Севгул Абдула

Дипл. Детектив и Криминалистика