Avdisutno komiteto ikerdo kothar o ,,Romacted” Valani pobari integracija e Romenge

855

Платформа што ќе поттикне соработка и успешно вклучување на Ромите во политиките на ЕУ ќе го намали високиот процент на Ромите во вкупната европска популација која живее во сиромаштија, изјави денеска Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика на вториот управниот одбор од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа на „ROMACTED“ програма „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ во Скопје.

Според Камбери, ранливиот статус што го имаат Ромите е координирана и долгорочна обврска за сите инволвирани страни и за меѓународната заедница, но сепак, акутноста на ситуацијата на најранливата категорија од нив наложува итни активности кои се очекуваат барем привремено да ја санираат состојбата.

„ROMACTED“ е продолжение на успешно имплементирање на „Роминг“ програмата подржана од Министерството за труд и социјална политика. Кога е во прашање Европа, Ромите се во голема мера просликани во европската платформа за вклучување на Ромите која беше иницирана на првиот европски самит во Брисел во 2008 година. Важни се и десетте заеднички основни принципи за вклучување на Ромите кои што произлегуваат од платформата што се законски необврзувачка декларација за насочување на институциите на ЕУ при дизајнирање и имплементација на нови политики и активности, рече таа.

Таа додаде дека секоја земја членка на ЕУ посебно има сопствен пристап за вклучување на Ромите, но во последно време се отвора прашањето за ефикасноста на овој пристап и потребата за изнаоѓање на нови инстурменти кои би донеле поголеми резултати.

Затоа, според неа, потребно е да се поттикнуваат земјите членки да усвојат европски рамковен систем на нивни стратегии за интеграција на Ромите, односно стратегијата на Европската унија за европската интеграција на Ромите.

Додаде дека анализите треба да одговорат на реалните потреби, проблеми и приоритети на Ромите и да воведе избалансиран и одржлив пристап преку афирмирањето на зацртаните цели во сообразност со легално загарантираните човековите права и политиката на државата.

Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, посочи дека спроведувањето на „ROMACTED“ програмата нема да биде целосна без активно учество на надлежните министерства, единиците на државна самоуправа и без активно учество на локалната заедница.

Имплементацијата на овој документ е неопходна да се симне на локално ниво преку имплементација на локални акциски планови за сите приоритетни области. Во оваа насока од големо значење е поддршката на „ROMACTED“ во процесот на подготовка на локалните акциски планови како и во дефинирањето на структурата што ги имплементира овие планови, додаде тој.

Појасни дека учество на локалната заедница во процесот на планирање и вклучување на активности што се од значење на ромската заедница во единиците на локалната самоуправа е круцијален елемент во процесот на имплементација на локалните акциски планови. Како поддршка во споредување на овие планови, Бајрам истакна дека се предвидени финансиски средства во рамки на буџетот на Министерството на локалната самоуправа, што веќе втора година е обезбедена во буџетот на нашата држава, во износ од три милиони денари.

Avdive o khedipe  savo tavdela duj dive ano Skopje avdive thaj tajsa, telal organiyacija Romacted, ko partnerikano buthi keribe Romane enđio organizacijensar  kamlapes  te kerelpes  lafi bašhi sa e resarina e  haleja  e Romengoro ani Utarali Makedonija numa pal odova te anelpes  thaj solucijako dekreti.

Avdisutno khedipe savo ikergovela ko učho nivelo thaj akarde  thane pobuter enđio sektorija thaj Romane  politikane prestavnikoja e Romengere ani Makedonija, kerge lafi bašhi sa e resarina e Romengere, numa thgaj so valani ponodorig te kherelpes, pal pale iranenapes savore ko jek barabut lafi vakerindor, valani te kerelpes pobari integracija e Romenge ani  Utarali makedonija sar ko lokalnikano numa thaj k centralnikano nivelo.

Hazri kerga: Roma Press-lendo 1tv.